Викиекспедиции
Викиекспедиции започна како истражувачки проект во 2015 година, најпрвин од страна на здружението на граѓани Споделено знаење, а од 2024 година во склоп на организацијата Викимедија МКД. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање нови статии за населените места, географските области, културните споменици, општествените установи и природните знаменитости на целата територија на Македонија на Википедија на македонски јазик. Досега проектот има остварено посети на 50 различни области во Македонија.
Новости
Мини Експедиција во Мавровско
На 15 ноември спроведовме мини експедиција во Галичник и селата долж крајбрежјето на Мавровското Езеро со што ја затворивме и таа дупка на непосетени села.
ГОРНА КИЧАВА – Последна експедиција за 2026
Четвртата експедиција ни беше планирана во областа Горна Кичава, односно селата во некогашната Општина Зајас, со што...
Бушева планина и Прилепско Поле
Третата експедиција ја одржавме дури кон крајот на август, откако членовите завршија со летните одмори. Го одбравме...

